Во просториите на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина „Академик Исак С. Таџер“ при УКИМ - Медицински факултет денеска ќе биде отворен реновираниот Оддел за хибридна конвенционална нуклеарно медицинска дијагностика и ќе биде пуштена новата SPECT/CT гама камера.

На отворањето, како што информираат од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми, ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, деканот на Медицински факултет Соња Топузовска, директори на клиники од Клинички центар, директори на Институти од Медицински факултет и претставници и експерти од МААЕ (Меѓународна агенција за атомска енергија).

Одделот е реновиран од Медицинскиот факултет, а новата хибридна гама камера е обезбедена од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

На отворањето на реновираниот Оддел му претходеше дводневен симпозиум „Хибридни нуклеарно медицински техники во онкологијата и инфективни состојби“, организиран од МААЕ и Здружението за нуклеарна медицина на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2018 10:46