Даниел Рикардо ги замрзнал преговорите со Ред Бул, додека шампионот Луис Хамилтон не го продолжи својот договор со Мерцедес, тврди д-р Хелмут Марко. Тимот сигурно сака да го задржи австралискиот пилот, но Даниел се уште се надева на трансфер во Мерцедес или во Ферари.
Ники Лауда инсистира на тоа дека Хамилтон несомнено ќе остане во Мерцедес, па неговото место нема да биде ослободено.
- Луис останува со нас. Одложувањето на договорот се должи на ситници, како што се промоции и рекламни детали, изјави Лауда за германскиот печат.
Сепак, Марко е убеден дека Рикардо се уште го чека потписот на Хамилтон.
- Ситуацијата е специфична. Се надевам дека наскоро ќе заврши, вели Марко.
Од своја страна, Лауда смета дека Даниел ги „изнудува“ Ред Бул.
- Ние не сме направиле предлог за Рикардо, па тој може да чека засекогаш, рече Ники Лауда.
Ред Бул има две важни прашања. Покрај судбината на Рикардо, тимот мора да одлучи дали да продолжи со користење на моторите на Рено или да пресели на Хонда.
- Во Канада ќе добиеме надградба од Рено. Имаме внатрешни рокови во кои сакаме да се финализира решението за моторите и пилотите - пред трката во Австрија, рече д-р Марко.