Едно лице е потешко повредено, а седум се здобиле со полесни повреди во осум од вкупно 13 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во пет е регистрирана само материјална штета.
Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 84 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 29 возачи биле исклучени од сообраќај од кои три поради управување под дејство на алкохол, 14 без стекнато право на управување со моторно возило, три возачи почетници...
Од сообраќај полицијата исклучила 21 возило и тоа 10 поради истечена важност на сообраќајна дозвола, едно било технички неисправно, а 10 зашто не биле регистрирани.
Непрописно паркирани биле 98 возила, а пајак службата подигнала 73 возила.