Татко и син од гостиварско Чегране, вчера биле лишени од слобода, откако при контрола на теренско возило, полицајци откриле дрва за огрев.

Според СВР Тетово, полициски службеници вчера во периодот од 12 до 14:30, на спореден пат во близина селото Форино забележале и запреле патничко возило „Опел фронтера“ со странски регистерски таблици. Возилото го управувал Л.С (27) од Чегране, а во него се наоѓал и неговиот татко Х.С.(59).

При контролата било утврдено дека превезуваат 1,1 метар кубен огревни дрва, за кои не поседувале никакви документи, поради што возилото и една моторна пила со потврда се одземени и предадени на Шумска полиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2018 11:50