На 06.06.2018 година во 13,00 часот во Полициската станица од Струга Ѓ.И.(65) и З.Р.(38), двајцата од Скопје, (вработени во Државниот просветен инспекторат) пријавиле дека истиот ден околу 11,00 часот во просториите на Меѓународниот Универзитет во Струга врз основа на задолжение од директорот на Државен просветен инспекторат, требало да извршат вонреден инспекциски надзор.

При нивното влегување во просториите на универзитетот, биле пречекани од одговорното лице А.К. кој, откако му биле покажани службените легитимации и задолжението за надзор, на инспекторите веднаш им се обратил на висок тон и со навредливи и заканувачки зборови.

Истиот, го зел задолжението за вонреден надзор кое му било покажано и на Г.Р. (вработен во универзитетот) и го фрлил и побарал од државните просветни инспектори да го напуштат универзитетот.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2018 15:10