Потпишување на меморандум за соработка и пренесување на знаковиот јазик на глувите во промотивните видеа за Македонија беа иницирани на денешната средба на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски со Здружението на глуви и наглуви на општина Охрид.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот информираат дека членови на Здружението преку тековни активности веќе се вклучени во туризмот и имаат реализирано повеќе настани со туристичка содржина.

- Приоритет на активностите е да се создадат можности за интеграција на глувите и наглувите лица во туристичката промоција на Македонија и зајакнување на нивната социјална и општествена вклученост, велат од Агенцијата.

На денешната средба е реализирана и комуникација со знаковен јазик меѓу Соња Костадиновска-Петковски, вработена во Агенцијата за туризам, која го изучува знаковниот јазик и Марија Пупоска, најубава глува девојка во Македонија и втора најубава во светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2018 15:22