Македонката Лора Тодорчевска е добитник на наградата од деканот Факултетот за хемиска и прехранбена технологија на Технолошки Универзитет во Братислава за исклучителен успех во студирањето и е добитник на највискоката награда од ректорот на Технолошкиот Универзитет во Братислава за извонреден успех за време на последипломските студии.
Тодорчевска со највисок успех - 10 ги заврши последипломските студии на Факултетот за хемиска и прехранбена технологија на Технолошки Универзитет во Братислава, Словачка.
Таа со висок успех ги заврши и додипломските студии на Факултетот за хемиска и прехранбена технологија на Технолошки Универзитет во Братислава, во 2016 година.
Тодорчевска за време на додипломски студии на Факултетот за хемиска и прехранбена технологија на Технолошки Универзитет во Братислава, Словачка учествуваше и освои прво место на натпревар по англиски јазик во стручна област на тема „Употребата на ДНК во разрешување на криминални случаи“. Првото место Тодорчевска го освои во конкуренција на 18 натпреварувачи од факултетот.
Тодорчевска е добитник на стипендија која ја доделува Словачката амбасада во Македонија од 2012/2013 година за изучување на словачкиот јазик и студирање во Словачка.
Средствата за студирање се обезбедени од Владата на Република Словачка, врз основа на воспоставената билатерална соработка во областа на образованието и науката.