Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) денеска промовираше македонско издание на публикацијата „Бизнис планирање за рехабилитација на недвижни културни добра – Прирачник за изработка и спроведување“ во превод од српски јазик.

На оваа тема беше одржана и еднодневна работилница на која учествуваа стручни лица од институциите за заштита на недвижното културно наследство (заводи за заштита и конзерваторски центри), локални самоуправи и професионални здруженија, како и од граѓанскиот сектор.

Бизнис планирањето за недвижно културно наследство беше претставено според методологија на Советот на Европа развиена во рамки на регионалниот проект „Љубљански процес: рехабилитација на нашето заедничко наследство“ кој се спроведуваше во земјите од Југоисточна Европа во периодот 2006-2014 година со финансиска поддршка од Европската комисија.

- Меѓу целите на работилницата се внесување нови содржини и приоди за заштита на културното наследство засновани на неговата (само)одржливот, јакнење на капацитетите на стручните лица од сферата на заштитата и управувањето со недвижното културно наследство за (бизнис) планирање, соопшти УЗКН.

Настанот е дел од годишната програма на Управата за заштита на културното наследство за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, која се спроведува под слоганот „Нашето наследство – европска вредност“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2018 15:29