Во Музеј на Град Скопје вечер од 20 часот концерт ќе одржи триото „Апасионато“ во кое членуваат Олег Цингарски (виолончело), Ирина Павлова (виолина) и Наталија Калајџиеска (пијано). Тие ќе изведат дела од Бетовен, Бах, Пјацола, Виењавски, Рахмањинов, Бриж.
Триото „Апасионато“ во класа на проф. Весна Ангелова-Христов постои од 2016 година и е составено од талентирани ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“-Скопје и досега како солисти имаат настапувано со Македонската филхармонија.
Добитници се на награди на државни и меѓународни натпревари, учествуваат на национални и меѓународни семинари за камерна музика и на семинари кај познати професори во Австрија, Чешка, Франција, Србија, Италија.