Институтот за археолошки истражувања денеска во археопаркот Бразда ќе го промовира проектот „Владетелска гробница на археолошкиот локалитет Градиште-Бразда“.
Тој е еден од 12-те проекти финансирани од Делегацијата на Европската Унија во рамки на повикот за предлози за одбележување на Европската година на културно наследство.
- Главната цел е да ја подигнеме свеста кај локалното население за значењето на културното наследство кое го имаат во нивната непосредна близина, како и да ги поттикнеме да учествуваат во заштитата и одржувањето на археопаркот во иднина, соопшти Институтот за археолошки истражувања.
На настанот ќе биде прикажан документарен филм за овој локалитет и неговото значење и ќе има изложба на фотографии „Владетелската гробница од пронаоѓањето до денес”.