Францускиот претседател Емануел Макрон, по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп на Самитот на Г-7, изјави дека е можно да се постигне напредок во трговските прашања помеѓу САД и сојузниците.

Двајцата сметаат дека меѓусебните односи се специфични, но дека тоа понекогаш се случува кога станува збор за трговија.

Трамп, исто така, рече дека Макрон бил конструктивен во однос на соработката во трговските прашања.

САД неодамна воведоа тарифи за увоз на алуминиум и челик од Европа, Канада и Мексико.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2018 14:30