Претседателот на Романија, Клаус Јоханис денеска му го даде мандатот за формирање на влада на актуелниот премиер Марсел Чолаку.

Социјалдемократска партија на Чолаку во анкетите на парламентарните избори на 1 декември беше на прво место.

За мандатарот и новата влада треба да се дебатира во Парламентот.

Парламентарните избори се одржаа по претседателските, а во првиот круг победи ултрадесничарскиот кандидат Калин Ѓеорѓеску, а Чолаку беше трет. Неколку дена пред вториот круг од претседателските избори, на 8 декември Уставниот суд ги поништи претседателските избори откако се појавија обвинувања за местење на изборите и за руско мешање.

Се очекува новата коалиција да ја сочинуваат социјалдемократите, централно-десничарската Национал-либерална партија, малата етничка унгарска партија УДМР и националните малцинства. Трите партии се договорија и за заеднички проевропски кандидат за повторените претседателски избори, чиј датум допрва треба да биде објавен.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2024 13:35