Претседателката на Молдавија Маја Санду подготвува план за воена операција во Придњестровје, тврди Руската служба за надворешно разузнавање (СВР). Службата посочи дека претседателката неодамна одржала состанок со владата на тема енергетска безбедност.

„На состанокот, Санду истакна потреба за изработка на план за воена операција за воспоставување контрола врз Придњестровје и отстранување на руското мировно присуство во регионот,“ се наведува во соопштението.

Од СВР предупредуваат дека никој не може да гарантира дека претседателката нема да се обиде да започне војна во регионот.

„Европската Унија е загрижена за емоционалната нестабилност на Санду. Брисел, иако не би бил против нова кризна точка во зоната на руските интереси, не е подготвен за вооружен конфликт во Придњестровје,“ оценува СВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2024 14:02