Дванаесет основни и осум средни училишта се наградени за најуспешни истражувачки проекти во рамки на Јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ кој беше отворен од 31 ноември лани до 15 февруари годинава.
Ним им беа доделени вредносни ваучери од средства обезбедени од Владата преку Фондот за иновации и технолошки развој во висина од четири милиони денари.
Меѓу наградените, како што информира директорот на Фондот, Јован Деспотовски, има проекти за изработка на дрон, хидрофонична градина, систем за детекција на гасови во воздухот во работни простории, фотоволтаична централа, стаклена градина, отпорност на градинарските култури на кисели дождови...
Тој најави дека во септември и октомври ќе биде отворен нов повик за млади истражувачи.
- На ваков начин сакаме да ја вкорениме културата на креативно критичко иновативно размислување кај најмладите бидејќи веруваме дека кај нив лежи потенцијалот да се промени ова општество, рече Деспотовски.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми истакна дека знаењето и иновациите ги придвижуваат земјите нациите и воопшто светот напред.
- Ова не е флоскула, туку е факт и реалност, особено за земјите кои немаат друга можност, друга алтернатива освен да вложуваат во знаењето во иновативноста и во креативноста на своите граѓани, рече Адеми.
На доделувањето на наградите приствуваше и премиерот Зоран Заев кој рече дека со вакви мерки Владата сака да испрати порака за мотивација на сите млади генерации што доаѓаат.
- Кретивното размислување кај децата и младите во образовниот процес е основа за развој на иновативноста. Истражувачкиот дух и мотивираноста на учениците за да дојдат до нови знаења и податоци треба да бидат постојано поттикнати во рамките на образовниот процес, но и од општеството и семејствата, рече Заев.
Мотивираните млади луѓе, додаде, се градители на стабилна и економски просперитетна идниан на секја земја и затоа, како што истакна, такви луѓе и се потребни на Македонија.
На јавниот повик биле пријавени 98 училишта, со стотина проекти. Придвивени биле средства од 1,5 милиони денари за награди, но поради големиот број пријавени наместо шест, избрани се најдобрите 20 проекти, а фондот е зголеман на четири милиони денари.