Жетвата на јачменот во Овче поле е почната, а пред три дена во Министерството за земјоделство средба имале мелничарите и земјоделците. Се разговарало за откупот и цената на житните култури, информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
По посетата на станицата Ѓуриште во Свети Николе, Николовски, одговорајѓи на новинарски прашања рече дека МЗШВ внимателно ја следи состојбата.
- Министерството ќе го објави она што по Закон е надлежно да го следи преку Единствениот пазарен информативен систем и преку ФАДН - системот. Ние сме надлежни да ја следиме производствената цена на сите земјоделски производи, тоа им го кажавме и на откупувачите и на производителите и сметам дека наиде на одобрување. Кога ќе ги имаме од системот сите пресметки, ќе ја објавиме цената на чинење, односно производната цена, вели Николовски.
Тој додаде дека во наредниот период, ако е потребно, заедно со производителите и мелничарите ќе се носат нови, дополнителни мерки. Смета дека во овој сектор состојбата е стабилна, а изминатиот период Владата им излезгла во пресрет и на низата барања што ги испорачале земјоделците.