Кривична пријава и 30-дневен притвор доби Д.З. (35) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Според МВР, полициски службеници завчера околу 23 часот го легитимирале Д.З. на улицата „Лазар Поп Трајков“ при што пронашле полиетиленска кеса со растителна материја.

По добиена усна наредба за вршење претрес во домот каде привремено тој престојува, се пронајдени и одземени 147 саксии канабис, 49,65 грама марихуана, 46,33 грама амфетамин, четири таблети 3,4 психотропна супстанца метилен-диоксиметамфетамин, стимуланс на централниот нервен систем класифициран во Националната листа на контролирани психотропни супстанци, дигитална вага, дигитален мерач за температура и влажност, тајмер и четири лед панели.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2018 20:39