Началникот на генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Методија Величковски од денеска до 15 мај, ќе биде во работна посета на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, во рамки на партнерската програма за соработка.
За време на престојот во САД, НГШ на АРМ покрај средба со својот домаќин, командантот на Националната Гарда (НГ) на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј, ќе оствари посети на неколку команди на единици од составот на националната гарда со кои единиците на АРМ изведуваат заеднички активности.
Притоа, како што информираат од ГШ на АРМ, ќе бидат разгледувани облиците на понатамошното учество во заеднички вежбовни активности и меѓународни мировни мисии.
Соработката на АРМ со НГ на Вермонт, во изминатите 24 години има динамична и сеопфатна програма на активности, како вежби, мировни мисии, семинари и многу други форми на обука, која овозможи помош на АРМ во постигнување на особено високи резултати во обуката согласно стандардите на НАТО.