Над просечното ниво за јуни се водостоите на поголем дел од реките во Македонија, а кај езерата над дозволениот максимум се Охридското Езеро со 11 саниметри и Дојранското Езеро со девет сантиметри.

Денешните хидролошки мерења покажуваат дека под просекот за јуни се водостоите на Црна Река со 37 саниметри, Крива Река каде двојно е пониско нивото и Сатеска Река со 10 сантиметри пониско ниво од просекот. На исто ниво како јунскиот просек е водостојот на Брегалница.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2018 11:39