Шеснаесет млади од Македонија, Италија, Словенија и Шпанија во наредните три дена на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ во рамки на Еразмус+ програмата ќе дебатираат и ќе учат од универзитетските професори како да ги развиваат вештините за вработување и водење бизнис.
Сања Стефанова од Центарот за меѓународна соработка при Универзитетот во Штип вели дека младите ќе учат како да прават бизнис планови, но и да се снајдат на пазарот на трудот.
- Професори од универзитетот и предавачи од Италија, Шпанија и Словенија се овде со нас и заедно ќе работиме на тие вештини. Се надевам дека во иднина ќе организираме исти вакви проекти, изјави Стефанова.
На крајот од проектот, студентите ќе изготват извештај со препораки коишто ќе бидат доставени до Европската комисија каде што ќе разговараат што е потребно и какви мерки треба да се преземат од државните институции за младите да не се иселуваат.