На 11.06.2018 година во 03.20часот во Полициската станица Бит Пазар, Ѓ.Д.(43) од Скопје пријавил дека на 10.06.2018 околу 23.30 часот, додека се движел по улица „Методија Митевски“, физички бил нападнат од неколку непознати лица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

На 10.06.2018 година во 19.25 часот во Полициската станица Кисела Вода, Љ.М.(64) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19.00 часот во спортска обложувалница на улица „Христо Татарчев“ физички бил нападнат од лицето С.Р. (54) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 11.06.2018 година во 07.30 часот во Полициската станица Карпош, Ф.Д.(35) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 03.00 часот во близина на една дискотека во Градски парк, бил физички нападнат од две непознати лица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.

На 10.06.2018 година околу 09,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица “Јужен булевар“ во објект во изградба од страна на Н.Р.(46) и неговиот син Б.Р.(20) физички биле нападнати Е.Р.(43) и Е.Р.(37). По преземени мерки поднесени се два записника за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2018 00:03