Случаен минувач синоќа во 23:50 часот пријавил дека на бензинска пумпа на улица „Индира Ганди“ во Скопје имало големо истекување на плин.
Од извршениот разговор со вработените на бензинската пумпа, констатирано е дека додека полнеле кујнска плинска боца виделе дека пукнал сигурносниот вентил кај резервоарот за плин и од него почнало да истекува плин.
Вработените Г.А.(27) и Ф.Н.(28) кои се обиделе да го затворат вентилот од резервоарот вдишале гас и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза" за укажување лекарска помош.
Од страна на Противпожарна единица и одговорно лице од Институт за одржување на бензински пумпи затворен е главниот сигурносен вентил. Сообраќајот на улица „Индира Ганди“ бил блокиран во двата правци од 00:10 до 04:30 часот.