Завршна конференција за проектот „Улогата на граѓанинот како директен учесник во подигнувањето на еколошката свест и заштитата на животната средина“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Македонскиот центар за одржлив развој и конкурентност.

На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од проектот, податоците добиени преку анкетни прашалници, формирањето на Фејсбук групата „Пријави депонија“, како и поднесените претставки до општините за лоцираните диви депонии и нивната реакција.

Најавено е обраќање на екологисти и претставници од општините Карпош, Ѓорче Петров и Аеродором.

Проектот е дел од медиа платформата за застапување, финансиран од Европската Унија и Граѓанската асоцијација „Мост“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2018 11:51