Во утринските часови во кичевскиот регион жителите ги вознемири голем чад и смог кој се појави како облак над цело Кичево. Евидентно деко чадот доаѓаше од РЕК "Осломеј" кој деновиве започа со работа. Најгласни за овој проблем, но и со проблемот што го имаат жителите на најблиското село до електраната Жубрино, кои утринава се решија на протест пред влезот на РЕК "Осломеј". Тие барат редовно да бидат снабдени со вода за пиење кое се врши од истиот систем од каде се снабдува комбинатот. Жителите беа примени од раководството на комбинатот при што добија ветување дека со помош на РЕК „Осломеј“ проблемот ќе се надмине. Директорот на комбинатот Ќерим Халили потврди дека проблемот со жителите на Жубрино е надминат бидејќи се работи за системска грешка што се провлекува уште кога е изграден водоводот за селото, меѓутоа презедени се обврска тоа да го санираат. Ова село е најзатекнато и од проблемот со воздухот, но и натаму останува ветувањето дека набрзо и филтерот ќе биде поставен во оџакот на РЕК "Осломеј". Треба да се истакне дека жителите на две најблиски села до комбинатот Осломеј и Жубрино добиваат вода од комбинатот бесплатно току поради загаденоста на бунарите на овие две села, но и останатите граѓани трпат од загадувањето што го создава РЕК „Осломеј".



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2018 14:01