При претрес на угостителски објект во гостиварското село Неготино ноќеска се пронајдени девет најлонски ќесички со остатоци од прашкаста материја и една чинија со траги од истата материја.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гостивар и Полициското одделение Галате извршиле претрес во угостителски објект во село Неготино, Гостиварско, сопственост на лицето Т.Ф.(49) од истото село.
- При претресот, во објектот биле затекнати пет женски лица (три од Република Македонија и две од Република Албанија со регулиран престој) кои работеле како пејачки и танчерки, како и две машки лица вработени како келнер и шанкер. Исто така, при претресот биле пронајдени девет најлонски ќесички со остатоци од прашкаста материја и една чинија со траги од истата материја. Сите предмети биле одземени со потврда за одземени предмети, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во соопштението.