Кавадарци дава целосна поддршка за отварање мали групни домови, стои во обраќањето до медиумите што денеска го испратија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

- Во изминатите денови сме сведоци на протести во селото Тимјаник поради одлуката на Министерството за труд и социјална политика за оспособување простор за мал групен дом за деца со попреченост во развојот. Општина Кавадарци дава целосна поддршка за отворање на мали групни домови. Отворени сме за соработка со Министерството за труд и социјална политика со сите ресурси кои ги има на располагање Општина Кавадарци, стои во обраќањето.

Притоа се нагласува дека секое дете заслужува безгрижно детство, секое дете заслужува да расте во средина која нуди добри услови и секое дете има право на грижа и топла прегратка.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2018 01:17