Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со Владата на Република Македонија денеска и отстапи на времено користење едно теренско возило и едно возило за брза помош на гевгелиската Територијална противпожарна единица.
Во посета на единицата беше и градоначалникот Сашо Поцков кој истакна дека особено неопходно било теренското возило кое овозможува брза интервенција на пожарникарите во урбана средина.
- Доаѓа летото, а со него и сезоната на пожари така што овие теми се наоѓаат во фокусот на вниманието. Наша задача е да превенираме и да дејствуваме во случај на пожар. Сметам дека сега имаме технички добро опремена противпожарна единица, а во функција на тоа е и денешното отстапување на возилата кои во служба на пожарникарите ќе останат до крајот на октомври, рече Поцков.
Изрази надеж дека во општина Гевгелија ќе бидат вложувани повеќе финансиски средства за опремување на ТППЕ и дека од Владата ќе пристигнува уште ваква помош и донации.