Амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ денеска имаше средба со штипскиот градоначалник Благој Бочварски, на која разговараа за продлабочување на веќе постоечката соработка помеѓу двете пријателски земји, со акцент на соработка која што ја вклучува Општина Штип.
- Ја информирав амбасадорката дека веќе остварив една средба во Општина Параќин, каде се сретнав со градоначалникот и разговаравме за идна соработка. Денеска разговаравме и за развојот и напредокот на соработката на двата народи, бидејќи знаеме дека сме блиски и пријателски народи и тоа треба дополнително да го продлабочуваме преку економска соработка. Целта е да имаме поголема соработка и поквалитетен живот за нашите сограѓани, вели Бочварски.
Абасадорката Дивјак-Томиќ ги повтори заложбите за продлабочување на македонско-српската соработка во сите сфери. Таа го поздрави збратимувањето меѓу Штип и Параќин, а нагласи дека ваквиот тип на соработка покажало дека има голем ефект за општините во делот на размената на искуствата, како и соработка во сферите на економија, културата и спортот.
Амбасдорката на Србија во Македонија најави дека кон крајот на летото ќе бидат и завршени последните 20 километри од Коридрот 10, кој овозможува побрз проток на стока и патниците меѓу двете земји.