Поранешниот француски тенисер Фабрис Санторо наведе дека бил импресиониран од играта на Рафаел Надал во финалето на „Ролан Гарос“, при што шпанскиот тенисер ја освои 11-та Гренд слем титула во Париз.

- Често го гледам Надал и понекогаш се чувствувам како да не сме го играле истиот спорт, истакна Санторо, кој е освојувач на шест АТП титули и своевремено беше 17-ти играч во светот.

Надал до титулата во Париз дојде со само еден изгубен сет и тоа од Диего Шварцман во четвртфиналето.

- Беше исклучително брутално во решавачкиот натпревар против Тим. Колку пати помислив дека Доминик ќе освои поен, но Надал се враќаше. Неверојатен е, истакна поранешниот француски тенисер.

Надал го победи aвстрискиот тенисер Доминик Тим со 3:0 во сетови во финалето во Париз.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2018 01:43