Последователно на претходно извршените примопредавања на командните должности во командите на АРМ, во генералштабот на АРМ, генерал мајор Зоран Милески ја прими должноста „Директор на ГШ на АРМ“ од досегашниот директор, генерал мајор Димче Петровски.

НГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски истакна дека е уверен во максималната професионалност на донесените одлуки и реализацијата на сите задачи од страна на штабот како и во досегашниот период.

Генералот Петровски кој ја извршуваше оваа должност во изминатите шест години упати благодарност на најблиските соработници и на сите припадници од ГШ на АРМ за досегашната соработка пожелувајќи остварување на понатамошни успеси.

Генералот Милески пред присутните истакна дека ќе вложи максимално залагање и ќе ја продолжи со несмален интензитет со поддршка од секциите да ги реализира сите поставени цели на генералштабот.

Врз основа на Указите на Претседателот на Република Македонија во изминатите десетина дена се извршија потребните процедури за днешното официјално примопредавање на должноста директор на ГШ помеѓу генералите Милески и Петровски.

Генералот Милески во својата досегашна кариера има извршувано повеќе командни и штабни должности на тактичко и оперативно ниво, а на оваа должност доаѓа од местото командант на здружената оперативна команда.

Извршено примопредавање на должност Директор на ГШ на АРМ (Фото)


Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2018 02:21