„Звукот на идната генерација“ е насловен вечерашниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, на кој солисти ќе бидат талентирани студенти од државните факултети за музика во Македонија, кои по пат на аудиција се избрани да настапат со оркестарот на Филхармонијата.

На програмата се дела од Росини, Шостакович, Форсајт, Равел, Росауро, Росе, Данци, Штраус, Кусевицки, Мијо. Диригент на концертот е Сашо Татарчевски.

Ќе настапат: Ангел Спировски - оркестарско диригирање; Артемида Ќари - пијано; Илза Бафтиари - виола; Ивана Јанаќиева - пијано; Антонио Весковски - удирачки инструменти; Никола Мицевски - кларинет; Благоја Василевски - хорна; Александра Чуруковска - контрабас; Стефан Неделковски - саксофон и Филип Каревски - фагот.

Концертот е традиционален и е последен од програмата за оваа концертна сезона на Македонската филхармонија, која најави уште еден атрактивен концерт на отворено, како и гостување на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2018 10:44