Кај напуштениот објект на одморалиштето на Средно Водно денеска ќе се одржи завршниот дел од напредната обука за примена на техники со јаже во полза на Единицата за специјални задачи, Секторот за криминалистичка техника и Единицата за водење на кучиња и дресура.
Обуката почна на петти јуни и завршува денеска, а ја спроведуваат двајца инструктори oд Националниот Центар за обука за алпинизам и помош (CNEAS) во склоп на на компаниите за безбедност кои се наоѓаат во Шамони и Бриансон, Република Франција.