Гром удри во куќа во селото Куклиш, но нема повредени и причинета е мала материјална штета.

Вчера во доцните попладневни часови протипожарната единица од Струмица добила повик дека од удар на гром е запалена електричната инсталација во тавански простор.

- Од ударот на гром настанал спој на електричната инсталација и при тоа се опожаруваат гредите на кровната конструкција. Сопственикот реагирал прибрано и успеал да го угасне пожарот. Интервенцијата на нашите пожарникари траеше околу 40 минути, а причинета е мала материјална штета, информираше Александар Гудев, командир на ТППЕ во Струмица.

Според информации од Центарот за управување со кризи во Струмица вчера и синоќа во регионот наврнале 17 литри дожд на еден метар квадратен.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2018 11:00