Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје побрзо од дозволената брзина возеле 65 возачи, а 12 биле под дејство на алкохол. Тринаесет возачи користеле мобилен телефон додека возеле.

Билтенот на СВР Скопје покажува дека се случиле вкупно осум сообраќајки од кои четири со повредени лица и четири со материјална штета. Полесно повредени биле шест лица.

Од сообраќај се исклучени 13 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со возило и четворица возачи почетници. Со истечена сообраќајна дозвола биле 20 возачи, а едно возило било неисправно.

Пет возачи поминале на црвено светло, а двајца не им дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.

Непрописно паркирани возила биле 104, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 61 возило.

Кај пешаците, осум поминале надвор од пешачки премин, а шест поминале улица на црвено светло.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2018 11:20