Националната установа Народен театар-Битола почна со подготовките на најновиот театарски проект со наслов „Но(е)ва Македонија“.
Режисер на претставата е гостинот од Србија Кокан Младеновиќ, најнаградуваниот режисер на неодамна завршениот театарски фестивал во Нови Сад „Стеријино Позорје“
- Пробите за претставата се во тек. Премиерата ќе се одржи на 31 јули во рамки на битолското културно лето „БитФест“. Режисерот Младеновиќ е извонреден уметник, познат во регионот и низ Европа и уверени сме дека ќе имаме одличен театарски проект, истакна директорот на НУ Народен театар-Битола, Иван Јерчиќ.
На денешната прес-конференција во Битолскиот театар беше соопштено дека по успешниот настап на театарот во Подгорица, Црна Гора, во понеделник ќе отпатуваат во Полска каде во градот Бјалисток ќе учествуваат на меѓународен театарски фестивал, а на 20 јуни ќе ја одиграат претставата „Трагичната љубов на една луда девојка“ во режија на Благој Мицевски.
НУ Народен театар-Битола се подготвуваат и за претстојниот „Битола Шекспир Фестивал“ кој ќе почне на 23 јуни.