На 13.06.2018 година во 11.30 часот во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ -Скопје, во моментот кога медицинска сестра давала медицинска помош на пациент, во ординацијата влегол нејзиниот невенчан сопруг Х.Б. од Скопје, кој почнал агресивно да се однесува.
Тој бил спречен од обезбедувањето, кое го отстранило од ординацијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.