Одбојкарите на Белорусија се првите финалисти на завршниот турнир во Европската сребрена лига што се одржува во Скопје.

Белорусија беше доминантно поквалитетна и убедливо ја совлада со 3:0 одбојкарска селекција на Летонија во првиот полуфинален натпревар.

Белорусите првиот сет го добија со 25:18, додека вториот го освоија со 25:22. Најинтересен беше третиот сет, кој се играше поен за поен до 14:14, а потоа следеше серија од 9:0 (23:14) со што белоруските одбојкари ја обезбедија победата.

Белорусија во финалето ќе се соочи со победникот од вториот полуфинален натпревар меѓу Македонија и Хрватска.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2018 05:08