Петнаесетгодишно момче од тетовско Јегуновце е повредено кога возилото во кое се превезувал како сопатник излетало од патот.

Момчето поради сериозноста на повредите е пренесено во Ургентиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, откако му е укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово.

Полицијата денеска соопшти дека несреќата се случила во два часот по полноќ на локалниот пат село Сиричино кон село Туденце кога возачот Р.И. (24) на товарно возило „форд“ изгубил контрола и излетал од патот.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2018 12:24