Тојота ја освои една од најпрестижните автомобилски трки во светот - „24-те часа Ле Ман“, за прв пат во својата историја. Една од ѕвездите во Формула 1 - Фернандо Алонсо беше дел од тричлениот екипаж на јапонскиот тим, заедно со Казуки Накаџима и Сабастијан Буеми.

Шансите на Тојота за прва титула не изгледаа големи на 10-тиот час, кога нивното возило заостануваше со две минути од лидерот, но Алонсо се претстави одлично во ноќниот дел на трката за да го намали заостатокот, а Буеми и Накаџима успеаја да се изборат за првото место и не го испуштија до крајот. Победата за Тојота беше двојна, откако и другиот тим на компанијата заврши на второто место.

На овој начин Алонсо ја освои втората трка од таканаречената „тројна круна“. 36-годишниот Шпанец веќе триумфираше во трката за Големата награда на Монако во Формула 1, „24-те часа Ле Ман“, а му останува единствено да запише победа во Инди 500.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2018 04:16