Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје информира дека продолжуваат курсевите по турски јазик.
Во текот на летниот период во нивните простории ќе се реализираат интензивни и редовни курсеви. Системот на курсевите по турски јазик се базира на „заеднички европски критериуми за изучување на странски јазици“ и нив ќе ги водат квалификувани стручни обучувачи кои поседуваат сертификати за ова дејност.
Посетителите со современи методи истовремено ќе усовршуваат четири основни јазични вештини (читање-пишување-слушање и говорење). Во рамки на наставата ќе бидат обезбедени сите видови на неопходни наставни материјали.
- Предавањата по турски јазик се реализираат според дефинирани критериуми од портфолиото на европски јазици и тоа; A1, A2, B1, B2, C1, C2 ниво, односно курсевите се состојат од вкупно шест нивоа, соопшти Турскиот културен центар „Јунус Емре“.
Оттаму информираат дека ќе се организираат и курсеви по турски јазик за деца на возраст меѓу 10 и 15 години.