Од денеска до 24-ти овој месец во Скопје и во Гевгелија ќе се одржува Меѓународна летна школа „Управување во услови на мигрантски кризи“.

На школата ќе учествуваат претставници од Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" од Скопје, од Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии на Универзитетот во Сараево, од Универзитетот за применети науки Велика Горица од Хрватска, како и бројни владини и невладини организации чии примарни и програмски активности се поврзани со управување со кризи, предизвикани од разни непредвидени ситуации.

Главната тема на оваа академска програма за доживотно образование е периодот на мигрантска криза од 2015 година и беше една од важните правци за движењето на бегалците кон Европа.

Сите подетални информации можете да ги погледнете на https://www.summerschool.ba/



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 01:46