Во Струмица вечерва беше претставена кампањата „На секое дете му треба семејство“, што ја водат Министерството за труд и социјална политика, Канцеларијата на УНИЦЕФ во соработка со СОС Детско село.
Според претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија, Бенџамин Перкс, бројот на децата кои останале без родители или родителска грижа во последата деценија бележи големо намалување.
- Ако пред 15 години, кога ја започнувавме кампањата бројот на деца изнесуваше 700 и тие беа згрижени во иституциите, сега нивниот број е 200, од кои 65 се под три годишна возраст. Затоа сметам дека треба да ја подигнеме свеста кај населението што значи поимот згрижувачко семејство и затоа згрижувањето на децата во згрижувачко семејства е извонредна работа и со тоа се збогатува животот на детето и на семејството, рече Бенџамин Перкс од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија.
Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски истакна дека општината дава поддршка на кампањата.
- Поддршката на оваа кампања значи поддршка на хуманоста, на љубовта кон децата, на подадената рака и на подготвеноста да се стори добро дело. Токму затоа, нужно е да бидеме луѓе во вистинската смисла на зборот, истакна градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
На претставувањето на кампањата во Струмица учествуваа и претставници на згрижувачки семејства, кои ги изнесоа своите искуства и при тоа побараа од надлежните инстиуции децата да остануваат згрижени во местата каде се родени или во близина.
Кампањата почна на 1 овој месец и ќе се реализира во 30 градови во Република Македонија.