На 16.јуни 2018 година во 12 часот од командирот на смена во Казнено-поправната установа Затвор-Штип било пријавено дека при претрес на 39-годишно женско лице од Скопје, кое дошло на посета кај осуденик, биле пронајдени две најлонски пакувања со хероин, кои биле ставени во кутија од цигари.

Лицето било приведено во полициска станица, а пронајдените предмети биле одземени и дадени на вештачење.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 03:12