Петнаесетгодишно девојче од Скопје кое управувало велосипед ноќеска половина час по полноќ е потешко повредена, откако била удрена од автомобил.
Несреќата се случила на крстосницата од булеварите „Србија“, „Видое Смилевски - Бато“ и „Јане Сандански“.
Патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.К. (24) од Скопје, удрило во 15-годишното девојче.
Таа се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.