На 181 точка низ Македонија треба да се постават системи за заштита од град. Приоритетни се Ресен, Преспа, Тиквеш и Струмичко како најранливи региони. Процесот за нивна набавка е почнат, а се очекува да биде заокружен идната година.

Асоцијација на земјоделци вчера апелира државата да го врати системот на градобијна заштита. Ваквото барање се актуализира по минатонеделното невреме кое во источна Македонија, според првичните проценки, предизвика штети од околу пет милиони евра, зафаќајки 5.000 хектари површина, од Велешко брдо до Црнилиште, Светиниколско.

Од невремето во средата најмногу настрадаа житните култури, лозјата, овошните насади и градинарството, но предизвикани се и материјални штети.

На прашањето дали земјоделците ќе добијат отштета, Николовски информира дека општините формираа комисии кои ќе ги спроведат проценките, а исплатата ќе оди преку владината Комисија во рамки на Министерството за финансии.

- Штетите од 2017 година ги исплаќаме. Средствата за Ресен и Преспа се префлрени, утре продoлжуваме со останатите општини, потенцира министерот, оценувајќи дека е добро тоа што земјоделците повеќе зборат за градобијната заштита, отколку за штетите.

За обесштетување од временските непогоди лани, беа поднесени 17.500 барања од над 30 општини.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 15:01