Штип од утре е домаќин на меѓународна конференција на тема „Европа и евроскептицизмот“, а во рамките на тригодишниот проект „Обновена Европа“.
Драган Ристов вработен во Општина Штип вели дека 24 преставници од Италија, Шпанија, Португалија, Полска, Романија и Бугарија, како и од Штип ќе дебартираат за она што позитивно го носи унијата за развојот на една земја.
- Значи централна тема е размената на искуства во поглед на европските настани, значи она што што е позитивно во секоја од овие земји од Унијата, а со централно предавање на амбасадорот на Република Словенија. Тоа е наша главна тема и втората, која се однесува на евроскептицизмот, вели Ристов.
Меѓународната конференција, која е во организација на Општина Штип почнува утре во 10 часот, а ќе се одвива два дена. Делегациите од земјите учеснички во конференцијата ќе бидат предводени и од шест градоначалници од земјите кои доаѓаат. Конференцијата ќе се одржи во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“, кој е изграден со европски пари.