Во првото пријавување од првиот јунски уписен рок во трите средни државни училишта во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше во прва година пополнети се 72 од предвидените 544 ученички места.
Во најголемото средно училиште во овој регион, гимназијата „Здравко Чочковски“ во Дебар, за упис се пријавиле 72 ученика, а се запишале 36.
- За настава на македонски наставен јазик пријави со потребните документи доставија 25 полуматуранти, а се запишаа осум, додека за настава на албански наствен јазик се пријавија 47, а се запишаа 28 ученици. За второто пријавување слободни се 128 ученички места за настава на македонски и 176 на албански наставен јазик, од кои 34 или една паралелка градежно-геодетска настава, за која не се пријави ни еден ученик, изјави Семије Баланца, претседателка на комисијата за упис.
Исмет Абдули, директор на гимназијата „Маврово-Ростуше“ во Ростуше, каде наставата се изведува на македонски јазик, потврди дека во првото пријавување запишани се 32 од пријавените 40 полуматуранти. За вторто пријавување слободни се 70 ученички места.
Минимален одѕив за упис е забележан во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, каде според директорот Аќиф Селман, за упис се пријавиле осум полуматуранти, сите за настава на турски наставен јазик, а запишани се четворица. Во оваа образовна институција со конкурсот за упис во прва година предвидени се 132 ученички места, од нив 34 за настава на македонски и 68 на турски наставен јазик,
За гимназиско образование за упис потребни беа минимум 60, додека за градежно геодетска насока 45 поени.