Враќањето на поранешниот број 1 во светот и двократниот олимписки шампион, Енди Мареј на АТП турнејата по долго отсуство поради повреда, се покажа неуспешно.
Триесет и едно годишниот Британец изгуби со 6:2, 6:7 (4), 5:7 во првиот круг на турнирот во „Квинс клуб“ во Лондон од Австралиецот Ник Кириос во многу интересен судир кој заврши по 2 часа и 38 минути игра.
Енди Мареј се врати на турнејата по 342 дена, а Кириос ја запиша својата прва победа против Шкотланѓанецот, откако досега имапе 5 порази.