Меѓународната конференција „Балкански музеи без бариери #2“ ќе се одржи денеска и утре во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје.
Конференцијата ја организираат Балканската музејска мрежа и Фондацијата Културно наследство без граници од Босна и Херцеговина.
На конференцијата ќе учествуваат 40 музејски професионалци од Балканот и пошироко кои ќе разменат искуства и знаења со цел да ги направат музеите инклузивни и пристапни за сите посетители.
Балканската музејска мрежа и Фондацијата Културно наследство без граници од Босна и Херцеговина се залагаат за инклузија на лицата со попречености во презентацијата на музејските колекции, изложби и активности. Првата конференција „Балкански музеи без препреки“ се одржа во 2014 година во Сараево.