Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска престојуваше во посета на општина Кичево каде се сретна со градоначалникот Фатмир Дехари.

По средбата Жбогар изрази подготвеност и во иднина да продолжи добрата соработка со општина Кичево како што впрочем и досега била на високо ниво.

- По овој денешниот проект што ќе го пуштиме во употреба можам да најавам дека ќе следи нов проект за ова општина за изградба на дополнителна канализациска мрежа за потребите на граѓаните на Кичево, рече Жбогар по средбата.

Дехари изрази задоволсво и благодарност за помошта што ЕУ и ја дава на општината.

Тој најави дека новата канализациска мрежа претежно за руралните средини на општина Кичево ќе биде следниот објект што ќе биде изграден со помош на ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2018 15:13