Скопје, 20 јуни 2018

Министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми, вечерва присуствуваше на отворањето на ретроспективната изложба на еден од најзначајните албански сликари, Адем Кастрати, во Националната галерија на Македонија-Даут-пашин амам.

Кастрати, кој е роден е во косовското село Горно Карачево во близина на Врање, е еден од доајените меѓу албанските сликари во Македонија, каде живее и создава повеќе од четириесет години. Тој припаѓа на првата генерација сликари по Втората светска војна. Бурните времиња во кои растел, созревал и се формирал како сликар, секако ќе остават силна трага во неговото творештво. Неговото име зазема заслужно место меѓу ликовните уметници кои живееја и твореа на територијата на поранешна Југославија.

Почина во Скопје, во 2000 година. Адем Кастрати имал повеќе самостојни изложби во Скопје, Урошевац, Приштина, Белград, Тирана, Гњилане, Париз, Женева, Минхен и др. Учествувал и на повеќе групни изложби:Љубљана, Загреб, Дубровник, Ниш, Палермо, Тирана, Париз, Архис (Данска) и др.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 00:50